Legal Alert - New Mandatory Rules on Use of Annual Paid Leave

The Government of the Republic of North Macedonia has adopted a Decree, which gives to Employers the opportunity to impose the use of annual leave for certain employees affected by the various measures related to the COVID – 19 pandemic during the state of emergency. The Decree entered into force on 4th of April 2020.

Under the Decree, the employer can impose the use of annual paid leave for all employees who (i) have been directed to stay at home and not come to work and (ii) who are not working from home, based on the various measures undertaken due to the COVID – 19 pandemic, such as:

 

Measures for specific employees Measures for certain employers and their business units
  •  Pregnant women and people with chronic diseases
  • Employees not working due to the employer being closed by the Government as a preventive measure for stopping of the spread of the COVID-19 disease
  • Parents of children under the age of 10 who requested to stay at home in order to take care of the children
  • Employees being sent home due to temporary suspension of the operations of the employer due to business reasons
  • Persons in self-isolation because of being in contact with an infected person
  • Employees being sent home due to inability to perform their work due to force majeure
  • Persons in self-isolation because of travelling to foreign countries with high or medium risk.
 

Based on the above, the employer can impose to the relevant employees full use of the unused part of the annual leave for 2019 until 31 May 2020. Also, the employer can impose the use of the first part of the annual leave for 2020 in duration of at least two working weeks until 30 June 2020. 

The use of the annual leave cannot be imposed for the days when the employees are instructed to work from home.

 

The Government on 04th of April 2020 has abolished the Decree that has entered into force on 26th of March 2020, initially affecting the convening and holding of shareholders assembly or meeting in joint stock and limited liabilities companies and afterwards affecting the dividend distribution.

Due to the abolishment of the Decree, the companies can now freely organize and hold shareholders assemblies or meetings, as well as distribute and pay the dividend among all shareholders, including foreign individuals and legal entities.

The Government on 3rd of April 2020 has adopted a Decree in which it has declared that the minimal wage for the months April, May and June 2020, will remain 14,500 MKD net and will not be changed.


How can we help you?

  • Advice on the applicability of the above Decree for your business;

  • Advice you on other applicable Macedonian legal aspects.

 

For more details, please refer to your usual contact within Papazoski and Mishev Law Firm or the persons indicated in this alert.

 

Нови задолжителни правила за користење на платениот годишен одмор

 

Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба, со која на работодавачите им се дава можност да наметнат употреба на годишен одмор за одредени вработени погодени од различните мерки поврзани со пандемијата COVID – 19 за време на настанатата состојба. Уредбата стапи во сила на 4 април 2020 година.

Според Уредбата, работодавачот може да наметне употреба на платен годишен одмор за сите вработени кои врз основа на различните преземени мерки како резултат на пандемијата COVID - 19 (i) биле упатени да останат дома и да не доаѓаат на работа и (ii) кои не работат од дома, како што се:

Мерки насочени кон поединечни работници

Мерки преземени на ниво на работодавач
  • Бремени жени и луѓе со хронични болести
  • Вработените кои не работат поради тоа што работодавачот е затворен од Владата, како превентивна мерка за стопирање на ширењето на заболувањето COVID – 19
  • Родители на деца под 10 години кои побарале да останат дома со цел да се грижат за децата
  • Вработени кои се испратени дома заради привремено прекинување на работниот процес на работодавачот заради деловни причини
  • Лица кои се во самоизолација поради контакт со заболено лице
  • Вработени кои се испратени дома заради неможноста да ја извршуваат својата работа заради виша сила
  • Лица во само-изолација поради патување во странски држави од среден и висок ризик
 

Врз основа на горенаведеното, работодавачот може да им наметне на овие категории на вработени целосно користење на неискористениот дел од годишниот одмор за 2019 година до 31 мај 2020 година. Исто така, работодавачот може да наметне користење на првиот дел од годишниот одмор за 2020 година во траење од најмалку две работни недели до 30 јуни 2020 година.

 

Употребата на годишниот одмор не може да се изрече за деновите кога на вработените им е наложено да работат од дома.

 

Владата на 04 април 2020 година ја укина Уредбата која стапи во сила на 26 март 2020 година, која првично имаше ефект на свикувањето и одржувањето на собрание на акционери или собири на содружници во акционерски друштва и друштва со ограничена одговорност, а потоа го регулираше начинот на исплата на дивиденда.

Поради укинувањето на Уредбата, друштвата сега можат слободно да организираат и одржуваат акционерски собранија, односно собири на содружници, како и да дистрибуираат и исплаќаат дивиденда меѓу сите акционери, односно содружници, вклучително и странски физички и правни лица.

 

Владата на 3 април 2020 година донесе Уредба во која прогласи дека минималната плата за месеците април, мај и јуни 2020 година, ќе остане 14.500 МКД нето и нема да биде променета.


Како можеме да Ви помогнеме?

Адвокатското друштво Папазоски и Мишев може да ви обезбеди:

  • Консултации во врска со апликативноста на горенаведените Уредби на Вашиот бизнис;

  • Советување околку други релевантни правни аспекти.

За повеќе детали, ве молиме обратете се на вашиот вообичаен контакт во Адвокатското друштво Папазоски и Мишев или на лицата означени во делот за контакти.

 

Contact us

Kiril  Papazoski

Kiril Papazoski

Attorney-at-law , Papazoski and Mishev Law Firm, Macedonia

Tel: +389 23140 940

Ivan Mishev

Ivan Mishev

Attorney-at-law , Papazoski and Mishev Law Firm, Macedonia

Tel: +389 23140 940

Follow us