Legal Alert - Amendments of the Decree with a force of law for providing financial aid to the employers for the payment of the salaries for April and May 2020

Amendments of the Decree are made regarding the obligation to keep the number of employees with the employer - beneficiary of financial aid.

Namely, the main point is that in the period April-July, the number of employees must not be reduced compared to the number of employees in April 2020. According to the previous Decree, the comparative month was March 2020. As an exception, the number of employees may be reduced, only in certain situations specified in the Decree, as death or retirement of the employee, resignation by the employee, dismissal by the employer due to disciplinary violations etc.

In any case, the threshold for reducing the number of employees in the above situations is:

  • 15% at the employer that had up to 50 employees,
  • 10% at the employer that had up to 250 employees, and
  • 5% at the employer that had over 250 employees

Namely, a key novelty in the new Decree is that the threshold refers exclusively to the above situations and does not apply to termination of employment for other reasons (expiration of the contract, amicable termination of employment, etc.). 

Additionally, a new text of the Request for Financial Aid has been adopted.

 

Papazoski and Mishev Law Firm can help you with:
  • Advice on the application of decrees with a force of law;

  • Advice on other issues arising from the regulations adopted for the implementation of the effects caused by COVID-19.

Измена на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година

 

Измените на Уредбата се направени во поглед на обврската за задржување на бројот на вработени кај работодавачот - корисник на финансиска поддршка.

Основното правило е дека во периодот април – јули 2020 не смее да се намалува бројот на вработени споредено со бројот на вработени во месец април 2020 година. Согласно претходната Уредба, споредбен месец беше март 2020 година. Како исклучок, бројот на вработени може да се намали, само во одредени ситуации определени во Уредбата како смрт или пензионирање на работник, отказ од страна на работникот, отказ од работодавачот поради дисциплински повреди и итн.

Во секој случај, прагот до кој може да достигне намалувањето на бројот на вработени во погоре наведените ситуации е:

  • 15% кај работодавач со до 50 вработени,

  • 10% кај работодавач со до 250 вработени, и

  • 5% кај работодавач со над 250 вработени.

Клучна новина во новата Уредба е тоа што прагот се однесува исклучиво на погоре наведените ситуации и не се однесува на престанок на работен однос поради други причини (истек на договор, спогодбен престанок на работен однос, итн.).  

Дополнително, усвоен е нов текст на Барање за финансиска поддршка кое се поднесува до УЈП.

Адвокатско друштво Папазоски и Мишев може да Ви помогне со:
  • Совети за примена на уредбите со законска сила;

  • Совети во врска со други прашања кои произлегуваат oд регулативата донесена за спроведување со ефектите предизвикани од COVID-19.

Contact us

Kiril  Papazoski

Kiril Papazoski

Attorney-at-law , Papazoski and Mishev Law Firm, Macedonia

Tel: +389 23140 940

Ivan Mishev

Ivan Mishev

Attorney-at-law , Papazoski and Mishev Law Firm, Macedonia

Tel: +389 23140 940

Follow us