Tax & Legal Alert - Are you ready for the new administrative court procedure?

On 25th of May 2020 the new Law on Administrative Court Procedure entered into force, introducing significant changes in the administrative court procedure. The new law further develops and strengthens the constitutional principle for access to fair court trial and provides an opportunity for the parties involved to present directly their arguments to the competent court in an open hearing so that fair and lawful court decisions are taken.

Below are some of the most important novelties provided in the law:

  • Instead of deciding on closed hearings without the presence of the parties or the public, the new law provides for conducting of verbal, direct and open for public hearings, directly implementing the general court rule for hearing the parties;
  • The concept of “Interested Party” is introduced, which has the capacity of a party in the dispute;
  • The court procedure can be initiated within 30 days as of the day when the state body was obliged to adopt certain administrative act;
  • The parties can propose witnesses and experts which will be heard during the public hearing in accordance with the rules for civil court procedure;
  • The concept for “Model Procedure” is introduced in case when there are more than 20 lawsuits against similar acts of the state bodies;
  • Instead of the existing practice for returning the case to the state body without thereby deciding upon the substance of the matter, the new law, as rule, provides the obligation of the court to decide upon the matter, and the case can be returned to the state body only in isolated cases;
  • For already abolished act of a state body, in case of repetitive lawsuit, the court must decide upon the matter with full jurisdiction;
  • For the expenses in the administrative court procedure the rules from the civil procedure shall be applicable, i.e. the party that will succeed in the dispute is entitled to be reimbursed for the expenses made, including attorney-at-law’s fees;
  • Strict rules and monetary penalties for the state bodies are prescribed in respect of the enforcement of the final court verdicts.

How can we help you?

Having in mind the large corpus of matters in jurisdiction of the Administrative Court (tax disputes, customs disputes, property disputes, competition disputes, etc.), PwC as multi-disciplinary organisation and leader in the tax, legal and customs consulting is in a unique position to support you in the eventual administrative court procedures.

Our tax and customs specialists along with our licensed attorneys-at-law, together with the global and regional experience in forensic, expertise and evaluations shall bring added value in any administrative court dispute.  

Legal Disclaimer: The material contained in this alert is provided for general information purposes only and does not contain a comprehensive analysis of each item described. Before taking (or not taking) any action, readers should seek professional advice specific to their situation. No liability is accepted for acts or omissions taken in reliance upon the contents of this alert.

Дали сте подготвени за новата управно-судска постапка?

На 25 мај 2020 година стапи на сила новиот Закон за управни спорови со кој од корен се менува управно-судската постапка. Новиот закон го регулира и зајакнува уставниот принцип за право на правично судење и дава можност на страните директно да ги презентираат своите аргументи до надлежниот суд на јавна седница со цел да се донесат законити и правични одлуки.

 

Подолу се некои од суштинските промени предвидени во законот:

  • Наместо досегашното одлучување без присуство на јавност, новиот закон предвидува по правило одржување на усна, непосредна и јавна расправа, со примена на начелото на сослушување на страните во спорот;
  • Се воведува концептот на “Заинтересирано лице„ кое има статус на странка во постапката;
  • Управен спор може да се поведе во рок од 30 дена поради недонесување на управен акт од страна на надлежниот орган од денот кога актот требало да биде донесен;
  • Страните може да предлагаат сведоци и вештаци кои ќе бидат сослушани на јавната расправа согласно правилата на парничната постапка;
  • Се воведува концептот на “Модел постапка„ во случај кога се вложени тужби против повеќе од 20 слични управни акти;
  • Наместо досегашната пракса, новиот закон по правило предвидува одлучување на Управниот суд по конкретната работа, а само по исклучок укинување на управниот акт и враќање до државниот орган на повторно одлучување;
  • За акт кој веќе еднаш бил поништен и вратен на повторно одлучување до државниот орган, по повторна тужба судот мора мериторно да ја реши работата (решавање со полна јурисдикција);
  • За трошоците во судската постапка ќе важат правилата од Законот за парнична постапка, односно страната која ќе успее во спорот има право на надомест на трошоците, вклучувајќи ги и адвокатските трошоци;
  • Се воведуваат строги правила и парични казни за неизвршување на судските одлуки од страна на државните органи.

Тука сме за Вас:

Имајќи го во предвид огромниот корпус на прашања во надлежност на управниот суд (даночни, царински, имотно-правни, заштита на конкуренцијата, итн.), PwC како мулти-дисциплинарна организација и лидер во даночниот, правниот, царинскиот консалтинг е во уникатна позиција да ви помогне во евентуалните управно-судски постапки.

Нашите даночни, царински експерти и лиценцирани адвокати, заедно со глобалното и регионално искуство во форензика, вештачења и проценки ќе бидат додадена вредност за секој управно-судски спор.

Правна заштита: Материјалот содржан во ова известување е наменет само за општи информативни цели и не содржи сеопфатна анализа на секоја од наведените точки. Пред преземање (или непреземање) на било каквo дејство, читателите треба да побараат професионален совет специфичен за нивната ситуација. Не се прифаќа одговорност за делата или грешките настаните поради содржината на ова известување.

Contacts

Miroslav Marchev

Macedonia Tax and Legal Leader, PwC Macedonia

+389 2 3140 900

Email

Ana Shajnoska

Tax Manager, Skopje, PwC Macedonia

+389 2 3140 900

Email

Kiril Papazoski

Attorney-at-law , Skopje, Papazoski and Mishev Law Firm, Macedonia

+389 23140 940

Email

Follow us