Legal Alert - New state aid measures for business related to COVID-19 pandemic

New set of state aid measures related with the Covid-19 pandemic have been published in the Official Gazette on 6th and 7th of April 2020

The Government has published the new set of state aid measures for business related to the declared Covid-19 pandemic and the state of emergency in the country.

One Decree regulates the monthly subvention for companies for salaries to employees (“Decree for Salaries”) and the other Decree regulates the subvention for companies for social security contributions (“Decree for Contributions”). The companies can choose only one approach, either subvention of salaries or subvention of contributions.

Below are the main conditions for applying for these new measures by companies.

Decree for Salaries

In accordance with this Decree the companies can apply for up to MKD 14,500 per month/per employee for April and May 2020 depending whether the employees are registered on part-time or full-time basis. The request should be submitted through the e-tax system of the Public Revenue Office (“PRO”).

 

The following main conditions should be met, amongst others, in order a company to be eligible for these subsidies:

  • Decrease in revenue for the respective month for more than 30% compared with 2019 average monthly revenue. For seasonal businesses it should be compared with the same 4-month period from 2019;
  • No dividends or annual bonuses should be paid between the day of the Decree until the payment of the May salary;
  • The net monthly average salary for the 10% top earners in the company should be lower than MKD 120,000;
  • The company should not be using a subvention for social security contributions under the Decree for Contributions;
  • The same number of employees as the number on 1st of April is maintained until 30th of September 2020 (with certain allowed exceptions).

As a general rule the above aid can be used only for net salaries that are lower than MKD 40,000. 

The aid will be paid monthly. It should be generally returned by the companies in 2021 but only up to the amount of 50% of the base for calculation of the corporate income tax (“CIT”) for 2020.

Decree for Contributions

In accordance with this Decree the companies can apply for subvention of 50% of the social security contributions for the months of April, May and June 2020. The subvention is limited to 50% of the social security contributions payable of the average Macedonian salary (MKD 5,752).

The following main conditions should be met, amongst others, in order a company to be eligible for this subvention:

  • Decrease in revenue for the respective month for more than 30% compared with 2019 average monthly revenue. For seasonal businesses it should be compared with the same 4-month period from 2019;
  • Maintaining the same number of employees as on 31st of March 2020 for the period April – June 2020 (with certain allowed exceptions);
  • No dividends or annual bonuses shall be paid between the day of the Decree and the submission of the Financial Statements for FY2020;
  • No aid is received under the Decree for Salaries.

The request for subvention should be submitted through the e-tax system of the PRO. The subvention under this Decree will be returned by the recipients in 2021 but only up to the amount of 50% of the base for calculation of the CIT for 2020.

Differences between Decrees

Although both Decrees contain similar conditions, there are some key differences between the Decrees, as follows:

  • The Decree for Salaries is applicable for April and May, while the Decree for contributions is applicable for April, May and June 2020;
  • The Decree for Contributions does not contain any limitations in respect of the amount of the salaries of the eligible employees, while the Decree for Salaries sets a threshold of MKD 40,000.

Papazoski and Mishev Law Firm can provide you with:

  • Advice on the applicability of the above Decree for your business;
  • Advice you on other applicable Macedonian legal aspects. 

Legal Disclaimer: The material contained in this alert is provided for general information purposes only and does not contain a comprehensive analysis of each item described. Before taking (or not taking) any action, readers should seek professional advice specific to their situation. No liability is accepted for acts or omissions taken in reliance upon the contents of this alert.

Владата го објави новиот пакет мерки за државна помош наменети за бизнис секторот во врска со прогласената пандемија на вирусот КОВИД-19 и вонредната состојба во државата.

Една од Уредбите го регулира месечното субвенционирањето на друштвата за исплатата на плати на вработените (“Уредба за плати”) а втората Уредба го регулира субвенционирањето на друштвата за исплата на придонеси од задолжителното социјално осигурување (“Уредба за придонеси”). Друштвата може да направат само еден избор, субвенционирање на плати или субвенционирање на придонеси.

Во прилог се дадени главните услови за аплицирање од страна на друштвата за овие нови мерки.

Уредба за плати

Согласно Уредбата, друштвата можат да аплицираат за финансиска поддршка во износ до 14,500 денари по месец/по вработен за месеците април и мај 2020, во зависност од тоа дали вработениот е пријавен на скратено или полно работно време. Барањето за финансиска поддршка се поднесува преку системот е-даноци на Управата за јавни приходи (“УЈП”).

Следните главни услови треба да бидат исполнети, покрај останатите, со цел друштвото да се стекне со право на овој вид на субвенционирање:

  • Намалување на приходите за предметните месеци за повеќе од 30% во споредба со месечниот просек на вкупните приходи остварени во 2019 година. За сезонски бизниси споредба се прави со истиот четири месечен период во 2019 година;
  • Да не се исплаќа дивиденда или годишни бонуси во периодот од денот на донесување на Уредбата до исплата на платата за месец мај 2020;
  • Просечната нето месечна плата на 10% од највисоко платените вработени во друштвото да биде пониска од 120.000 денари;
  • Друштвото не смее да користи субвенционирање на придонесите за задолжително социјално осигурување според Уредбата за придонесите;
  • Истиот број на вработени кој бил на 1ви април треба да се задржи до 30ти септември 2020 (со одредени дозволени исклучоци).

Како општо правило, горенаведената помош може да се користи исклучиво за нето плати кои се пониски од 40,000 денари.

Помошта ќе се исплаќа месечно. Добиената помош треба да се врати од страна на друштвата во 2021, но само во износ до 50% од основицата за пресметка на данокот на добивка (“ДД”) за 2020 година.

Уредба за придонесите

Согласно Уредбата, друштвата може да аплицираат за субвенционирање на 50% од пресметаните придонеси за задолжително социјално осигурување за месеците април, мај и јуни 2020 година. Субвенционирањето е ограничено на 50% од придонесите за задолжително социјално осигурување кои се исплаќаат на просечната плата во Македонија (5,752 МКД).

Следните главни услови треба да бидат исполнети, покрај останатите, со цел друштвото да се стекне со право на овој вид на субвенционирање:

  • Намалување на приходите за предметните месеци за повеќе од 30% во споредба со месечниот просек на вкупните приходи остварени во 2019 година. За сезонски бизниси споредба се прави со истиот четири месечен период во 2019 година;
  • Задржување на истиот број на вработени кој бил на 31ви март 2020, за периодот април-јуни 2020 (со одредени дозволени исклучоци);
  • Да не се исплаќа дивиденда или годишни бонуси во периодот од денот на донесување на Уредбата до поднесувањето на финансиските извештаи за деловната година 2020:
  • Не се користи помош врз основа на Уредбата за платите.

Барањето за субвенционирање се поднесува преку системот е-даноци на УЈП. Субвенцијата примена по основ на оваа Уредба е предмет на враќање од страна на примателот во 2021, но само во износ до 50% од основицата за пресметка на ДД за 2020 година.

Разлика помеѓу Уредбите

Иако двете Уредби содржат слични услови, постојат неколку клучни разлики помеѓу Уредбите, како што се:

  • Уредбата за плати е применлива за месеците април и мај, додека Уредбата за придонесите е применлива за месеците април, мај и јуни 2020 година;
  • Уредбата за придонесите не содржи никакви ограничувања во поглед на висината на платата за вработените за кои се бара субвенција, додека Уредбата за платите поставува праг од 40,000 денари.

Како можеме да Ви помогнеме?

  • Консултации во врска со апликативноста на горенаведените Уредби на Вашиот бизнис; 
  • Советување околку други релевантни правни аспекти.

Правна напомена: Материјалот содржан во ова предупредување е даден само за општи информации и не содржи сеопфатна анализа на сите опишани аспекти. Пред да преземат (или да не преземаат) било какво дејствие, читателите треба да бараат професионален совет специфичен за нивната ситуација. Не е прифатена одговорност за дела или пропусти преземени во зависност од содржината на ова предупредување.

Contact us

Kiril  Papazoski

Kiril Papazoski

Attorney-at-law , Papazoski and Mishev Law Firm, Macedonia

Tel: +389 23140 940

Ivan Mishev

Ivan Mishev

Attorney-at-law , Papazoski and Mishev Law Firm, Macedonia

Tel: +389 23140 940

Follow us